29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија останува најголемиот снабдувач на Кина со нафта

Русија останува најголемиот снабдувач на Кина со нафта

Во јули Кина увезувала околу 1,68 милиони барели нафта дневно од Русија, додека Русија во мај извезувала во Кина рекордни речиси два милиони барели дневно, пренесува РИА Новости.

Увозот на нафта од Саудиска Арабија во Кина минатиот месец изнесуваше 1,54 милиони барели дневно.

Оваа бројка се зголеми откако во јуни беше најниска за повеќе од три години.

Си Џинпинг го пофали „добриот моментум во развојот“ на билатералните односи меѓу двете земји од почетокот на годината, имајќи предвид дека и двете „се соочуваат со глобални превирања и промени“.

Тој рече дека Пекинг е подготвен да ја интензивира стратешката координација на двете земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП