20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо 12 години Грција излезе од европската програма за економски надзор

По 12 години Грција излезе од европската програма за економски надзор

Денеска, по 12 години, Грција и формално стави крај на програмата за европски економски надзор.

„20 август 2022 година е историски ден за Грција и за сите Грци: Нашата земја ја напушта програмата за надзор на ЕУ“, рече премиерот Киријакос Мицотакис во видео обраќање.

„12-годишниот циклус им донесе болка на нашите граѓани и сега е завршен. Излегувањето од засилената програма за надзор значи поширок простор за нашите економски избори“, рече Мицотакис, според Катимерини.

Тој рече дека пред Грција „е нов хоризонт на раст, единство и напредок“.

Атина поради економската криза од 2010 година доби три меѓународни пакети помош во вредност од над 260 милијарди евра, а за возврат требаше да спроведе големи економски реформи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП