20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Москва се отвори синџирот на кафетерии Старс - замена за Старбакс

Во Москва се отвори синџирот на кафетерии Старс – замена за Старбакс

Откако „Старбакс“ целосно се повлече од рускиот пазар, во четвртокот во Москва започна со работа домашен ланец на кафулиња „Stars Coffee“, кој треба да претставува замена за познатата американска компанија.

Според новиот сопственик на ланецот Тимур Јунусов, следната недела ќе бидат отворени уште 10 кафулиња, а до крајот на септември ќе има вкупно 130.

Повеќето од кафулињата, 90 од 130, ќе даваат услуги во Москва, околу 15 во вториот по големина град во Русија, Санкт Петербург, а останатите во другите региони – Краснодар, Екатеринбург, Самара, Казан и Сочи.

На крајот на јули руските бизнисмени Тимур Јунусов и Антон Пински го купија синџирот Старбакс, откако американските сопственици донесоа одлука да го напуштат пазарот поради руско-украинската војна која започна на 24 февруари.

Првата кафетерија Старбакс беше отворена во Русија во 2007 година, а до 2022 година, повеќе од 100 кафулиња работеа низ целата земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП