25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМед вреден повеќе од 405 милиони евра е увезен во ЕУ во...

Мед вреден повеќе од 405 милиони евра е увезен во ЕУ во 2021-ва (ИНФОГРАФИК)

Земјите-членки на Европската унија во 2021-ва година од земји надвор од Унијата увезле 173.400 тони мед во вредност од 405,9 милиони евра.

Истовремено, во истиот период, од земјите на ЕУ во земјите надвор од Унијата се извезени само 25.500 тони мед. Извозот е вреден 146,6 милиони евра, покажуваат новите податоци на Еуростат претставени по повод Светскиот ден на пчелите, кој се одбележува на 20-ти август.

Во споредба со 2016-та година, увозот на мед од земјите надвор од ЕУ бележи пораст од 7% по маса, а извозот од ЕУ е намален за 10%.

Германија – најголемиот увозник на мед

Во 2021-ва година, 51.900 тони мед беа увезени во Германија од земји надвор од ЕУ, што претставува 30% од вкупниот увоз во Унијата. Ова ја прави Германија најголем увозник на мед во ЕУ, претекнувајќи ја Полска (32.200 тони, 19% удел), проследена со Белгија (25.600 тони, 15%), Шпанија (14.500 тони, 8%) и Португалија (7.100 тони, 4%).

Украина – главен извор на увезен мед

Увозот на мед од земјите кои не се членки на ЕУ во 2021-ва година доаѓа главно од Украина (53.800 тони, или 31% од вкупниот увоз), потоа Кина (48.000 тони, 28%), Мексико (15.500 тони, 9%), Аргентина (14.400 тони, 8%) и Бразил (7.900 тони, 5%).

Шпанија – најголемиот извозник

Шпанија, од своја страна, е најголемиот извозник на мед во земјите кои не се членки на ЕУ во 2021-ва година со 6.922 тони, а потоа следат Германија (6.360 тони) и Унгарија (1.756 тони).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП