18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКинеска купе-лимузина со британски корени – „MG7“ (ФОТО)

Кинеска купе-лимузина со британски корени – „MG7“ (ФОТО)

По неколку тизери, моделот „MG7“ ја имаше својата премиера на кинескиот пазар. Автомобилот кој ја зазема највисоката позиција во палетата на возила на „MG“ и го претставува духовниот наследник на истоимениот модел од првата генерација (2007-2013) базиран на „Rover 75“ (1998-2005), но името е единственото нешто што го поврзува со тој временски модел.

Новиот „MG7“ е сосема поинаков автомобил од неговиот претходник, благодарение на неговиот современ дизајн, луксузниот ентериер и атрактивната надворешност.

Автомобилот има агресивен, спортски дизајн и каросерија купе-лимузина. Богато опремен, „MG7“ цели кон побогати купувачи, од кои има се повеќе во Кина.

Димензиите на автомобилот се (L/W/H) 4.888/1.889/1.447 mm, што го позиционира помеѓу концептуално поврзаните модели „Audi A5 Sportback“ и „A7 Sportback“.

Првично, на клиентите ќе им бидат понудени два „SUS“ мотори, додека во 2023-та година ќе биде понудена и „plug-in“ хибридна опција.

Основниот „MG7 300 VTGI“ користи 1,5-литарски турбо-бензинец со 185 ks (136 kW) и 300 Nm. Силата се испраќа до предната оска преку седумстепен „DCT“ автоматски менувач.

За оние кои сакаат нешто повеќе, постои и верзија „405 VTGI Trophy“ придвижувана од 2.0 rutbo-бензински агрегат со 257 ks (189 kW) и 405 Nm. Менувачот е „ZF“ автоматски со 9 степени на пренос, а погонот е исто така напред.

Засега не е јасно дали „MG“ ќе го понуди новиот модел и на други пазари, но верзиите со „SUS“ мотори најверојатно ќе останат кинеска ексклузива, додека електрифицираната варијанта на моделот „MG7“ би можела да биде достапна и надвор од Кина.

Автомобилот ќе пристигне кај дилерите на крајот на годината, до кога ќе се знаат и цените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП