27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБез државна помош за струја бизнисот алармира дека нема да ја дочека...

Без државна помош за струја бизнисот алармира дека нема да ја дочека пролетта!

Претставниците на бизнис здруженијата бараат од владата сериозно да поработи на мерки и планови за надминување на еден од можеби најголемите предизвоци во последниве неколку децении, енергетската криза.

Претстојната зима надлежните се најавува како најтешка досега. Но колку исклучените декоративни светилки на институциите, помалку испринтаните документи, намалените клима уреди во институциите или невозењето со лифтови ќе не спаси од енергетксата криза зимава, дополнитено ќе се проверува. Бизнисот бара финансиска поддршка од Владата, за да нема проблеми во подмирувањето на трошоците за електрична енергија.

Од бизнис заедницата на неколку пати и порачаа на владата дека доколку не му помогне на стопанството последиците ќе бидат фатални. Претстојната зима се очекува да донесе зголемени трошоци за струја на компаниите, а тоа сериозно ќе им ја намали ликвидноста на фирмите, се жалат од Стопанската комора. Од ова бизнис здружение велат дека доколку се задржи ова ценовно ниво и продолжи растот на цените на енергијата во текот на зимскиот период, треба да се размисли за директна буџетска поддршка и за компаниите исто како и за домаќинствата, со цел да се спасат фирмите од пропаѓање. Вакви чекори преземаат соседните земји што ја прави македонската економија неконкурентна споредено со земјите во окружувањето. Од Стопанската комора им порачаа на надлежните да се формира владина група или комисија која ќе направи неколку сценарија како економски ќе се одрази состојбата со енергетската криза врз македонската економија согласно континуираниот раст на цената на струјата но и на другите енергенси за потребите на стопанството. Истовремено од Стопанската комора сметаат дека треба да се направи анализа на веќе потрошените средства од буџетот минатата година за да се види како истите се потрошени, што ќе послужи како насока што е најдобро и најекономично да се преземе како чекори во следниот период.

„Имајќи предвид дека сите земји во Европа преземаат мерки поради тешката и неизвесна претстојна зимска сезона потребно е и нашата државата да го стави како приоритетно прашање бидејќи сме енергетска зависна држава во повеќе сегменти. За таа цел потребно е да се зголеми домашното производство, бидејќи сите земји кои имаат свое сопствено производство имаат голема сигурност, стабилност и пониска продажна цена, а за да се зголеми домашното производство треба да се искористат сите можни ресурси“, велат од Стопанската комора.

Од Организацијата на Работодавачи за Денар велат дека доколку владата не помогне финансиски на бизнисот, намалувањето на бројот на вработени ќе биде неминовно. Но не се исклучува сценариото добар дел од компаниите да стават клуч на врата поради зголемените трошоци за електрична енергија. Нивните пресметки се дека за една третина се зголемени сметките за струја на фирмите во споредба со претходните месеци.

„Апсолутно сметаме дека мерките на владата не се издржани. Освен стимулации, државата треба да врши обуки да едуцира во делот на начинот со кој може да се штеди електрична енергија. Сето останато претставува само идеа која е на краток рок за некакво штедење на електричната енергија“.

Но од Владата се уверени дека мерките ќе дадат резулатат. Целта која треба да се постигне е намалување на потрошувачката на енергија за 15 % споредено со истиот месец од претходната година. Доколку не се постигне оваа цел, ќе следуваат санкции за органот кој ја раководи институцијата, предвидени со посебна Одлука на Влада. Вработените под државна капа се задолжени од централната власт да штедат струја на работното место, а за домаќинствата и за компаниите мерките се во вид на препораки.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП