19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Европа е осудена на глад, студ и изолација“

„Европа е осудена на глад, студ и изолација“

Вашингтон е подготвен да направи се за да ја одржи власта во светот, жртвувајќи ја благосостојбата на европските граѓани и економијата, вели претседателот на Думата, Вјачеслав Володин.

„Вашингтон ја осуди Европа на глад, студ и изолација. Цената на гасот во САД моментално е 333 долари за илјада кубни метри. Самиот Вашингтон и го продава на Европа 7,3 пати поскапо, што ја прави економијата на ЕУ неконкурентна“, напиша тој на својот канал на Телеграф.

„Инфлацијата веќе достигна рекордна вредност за еврозоната од 8,9 отсто. Вашингтон е подготвен да стори сè за да ја задржи власта во светот, жртвувајќи ја благосостојбата на граѓаните и економијата на европските земји за тоа“, додаде тој.

Володин истакна дека големите горештини што ја зафатија Европа имаат силно влијание врз земјоделството. Жетвата е за 20 отсто помала во однос на лани. Дополнително, забележлив е дефицит на електрична енергија, а нејзината вредност е зголемена шест пати за една година.

„Одлуките на европските земји да ги отфрлат руските енергетски компании, да ја прекинат економската соработка со нашата земја и да забранат влез на руски државјани се донесени под притисок на САД. Спроведувачи на нивната политика во Европа е Англија, која се повлече од ЕУ и земјите на кои им остана само име од нивниот суверенитет: Литванија, Летонија, Естонија, Украина.

Полска, Чешка и Финска се приклучија на таа русофобична коалиција, надевајќи се дека ќе добијат американска помош“, заклучи тој, пренесува Спутник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП