2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворени понудите за набавка на 150 товарни вагони

Отворени понудите за набавка на 150 товарни вагони

zez

Во Македонски Железници Транспорт АД – Скопје денеска се одржа отворање на понуди за набавка на 150 товарни вагони. Беа поднесени понуди од осум понудувачи од кои седум комплетни и една некомплетна.

Понудите се од компании од Чешка, Романија, Хрватска, Кина, Словачка, Србија и Индија.

Планирано е да бидат набавени 75 нови зглобни интермодални вагони од серија Sggrss-80 и 75 нови плато вагони од серија Eass-Z-(K) во рамките на Проектот за обнова на возниот парк на МЖ Транспорт АД – Скопје во соработка со Владата преку Министерството за транспорт и врски и Европската Банка за Обнова и Развој – ЕБОР.

Во наредниот период, како што се наведува во соопштението од Македонски железници, следува детална евалвација на понудите која на крајот треба да резултира со избор на најповолниот понудувач кој треба да ги изработи и испорача товарни вагони за превоз на стока.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП