19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТМир со Русите? Зеленски: Ништо додека не ја напуштат нашата територија

Мир со Русите? Зеленски: Ништо додека не ја напуштат нашата територија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека преговорите со Москва се можни само по повлекувањето на руските сили од териториите под нивна контрола.

Ова го изјави денеска, по трилатералната средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

„Луѓето кои секојдневно убиваат, силуваат и ги гаѓаат нашите градови со крстосувачки ракети не можат да сакаат мир. Прво треба да ја напуштат нашата територија, а потоа ќе видиме“, рече тој. На прес-конференција во Лавов, Зеленски предупреди дека „не треба да и се верува на Русија“.

Да потсетиме дека Гутереш повика на демилитаризација на нуклеарната централа, која е под контрола на Русија во областа Запорожје на југот на Украина, и изрази сериозна загриженост за ситуацијата во и околу неа.

Руското Министерство за надворешни работи го одби предлогот на Гутереш за демилитаризација на областа околу нуклеарната централа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП