27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДаниел Ервер: Одржливата мода на H&M ќе направи потрошувачите да размислуваат поинаку

Даниел Ервер: Одржливата мода на H&M ќе направи потрошувачите да размислуваат поинаку

„Одржливоста е инкорпорирана во сето она кое што го претставува нашиот бренд – тоа едноставно е во нашата ДНК“, вели Даниел Ервер, оперативен директор во H&M, по повод отворањето на првата продавница на светски познатиот шведски бренд во Скопје.

Конечно, Скопје е на листата на градови во кои има продавници на H&M. Зошто решивте да отворите продавница во главниот град на Северна Македонија и зошто решивте да го направите тоа баш сега?

-Возбудени сме што конечно ја отвораме нашата прва H&M продавница во Северна Македонија, со која ќе донесеме забавна, стилска и прогресивна мода за нашите фанови и потрошувачи во Скопје. Овој град ни беше на радарот веќе некое време, а сега е конечно време да ги отвориме вратите кон едно поинакво, уникатно шопинг искуство.

Што може да очекува македонскиот потрошувач од вашата продавница во Скопје, која се протега на површина од 2.300 м2? Дали ќе го добиеме глобалното шопинг искуство на кое сме навикнати кога ги посетуваме другите H&M продавници ширум светот?

-Апсолутно! Продавницата ќе понуди возбудливо и инспиративно шопинг искуство за целото семејство, со своите колекции за жени, мажи и деца. Потрошувачите дури ќе можат да добијат и предлози за тоа како да го креираат нивниот личен стил и како да го збогатат својот изглед.

Колку колекции произведува H&M секоја година? Дали колекциите се менуваат секоја година во зависност од годишното време или пак постојат и специјални колекции, наменети за поинакви, специјални пригоди?

-Сета мода која ја креираме е уникатна, дизајнирана лично од нашите креативни тимови и сопствени дизајнери. Потрошувачите од Скопје заинтересирани за модата можат да ја очекуваат сета мода и стил кои H&M ги нуди насекаде низ светот, како што се и специјалните колекции од типот на H&M Studio или Innovation Stories, како и нашите исклучително популарни соработки со врвни дизајнери, како и редовните капсула колекции и нови модни парчиња кои постојано се обновуваат.

Како што напоменавме претходно, H&M е многу популарен, глобален бренд, кој веќе долги години е дел од задолжителното шопинг искуство на толку многу луѓе во светот. Што сметате дека е причината за успех и постојан прогрес на брендот?

-Модата напредува постојано, не’ држи будни и активни, со цел секогаш да испорачуваме она што се бара од нас, па некогаш дури и да ги надминеме очекувањата. Лично јас сум многу горд на она што успеавме да го постигнеме во последните години во однос на одржливоста, додавајќи ги иновативните материјали како нов елемент во нашите модни колекции, кои и понатаму ги нудиме по достапни и атрактивни цени.

H&M става силен фокус на одржливоста и циркуларната мода, а ова е дури и видливо во секој аспект од работата на компанијата. Како очекувате присуството на H&M да влијае на навиките на просечниот домашен купувач во Северна Македонија?

-Одржливоста е инкорпорирана во сето она кое што го претставува нашиот бренд – тоа едноставно е во нашата ДНК. Потрошувачите ќе можат да го пронајдат она што им е потребно, од основни парчиња направени од поодржливи материјали како органски или рециклиран памук, па до напредни колекции преку кои во минатото имавме можност да претставиме иновативни материјали и ткаенини направени од кора од портокал или растителна кожа направена од кактус. Со нудењето на поодржливи избори при купувањето на облека, се надеваме дека нашите потрошувачи веќе почнуваат да размислуваат на поинаков начин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП