8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемиот државен фонд во светот забележа рекордни загуби

Најголемиот државен фонд во светот забележа рекордни загуби

Најголемиот државен фонд во светот, норвешкиот државен фонд, загуби 174 милијарди долари во првите шест месеци од годината, бидејќи глобалните пазари паднаа во услови на зголемена инфлација и очекувања за рецесија.

„Financial Times“ забележува дека ова е рекордна шестмесечна загуба во целата историја на фондот, кој управува со имот во вредност од 1,2 трилиони долари.

Износот од 174 милијарди долари одговара на 14,4% од вредноста на сите инвестиции во фондот. Минатата година објави поврат од 14,5% додека пазарите се зголемија, реагирајќи на закрепнувањето на глобалната економија по пандемијата.

Фондот во моментов е толку голем што сумите (загуби и добивки) се огромни. Инвестираме долгорочно затоа што треба да се справуваме со вакви флуктуации, истакна на прес-конференција генералниот директор на фондот Николај Танген.

Тој го нарече невообичаено тоа што фондот изгубил пари и во акции и во обврзници. Вредноста на вложувањата во обврзници е намалена за 9,3%, а кај акциите воопшто – за 17%, особено силно за 28%, паднаа акциите на технолошките компании.

Танген го припишува падот на берзата на зголемените каматни стапки, високата инфлација и „специјалната воена операција“ на Русија во Украина.

Во првиот квартал од 2022-ра година, фондот загуби 74 милијарди долари поради војната во Украина и карантинот во Кина поради избувнувањето на Ковид-19. На крајот на февруари, норвешката влада објави дека фондот ќе се ослободи од руските средства. На крајот на 2021-ва година, руските хартии од вредност во портфолиото на фондот, беа проценети на 25 милијарди норвешки круни (2,83 милијарди долари), тоа се акции на речиси 50 руски компании и државни обврзници. Според „Refinitiv Eikon“, најголем удел – 0,83% имаат акциите на „Сбербанк“, а потоа следуваат акциите на „Газпром“ и „Лукоил“.

Норвешкиот суверен фонд е основан во 1996-та година за да инвестира приходи од нафтената и гасната индустрија во земјата. Тој сега поседува околу 1,5% од секоја компанија на берза во светот, забележува „Financial Times“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП