25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„BMW“ тестира електричен спортски автомобил со четири мотори (ВИДЕО)

„BMW“ тестира електричен спортски автомобил со четири мотори (ВИДЕО)

Германскиот производител „BMW“ започна со тестирање на нови погонски системи кои во блиска иднина би можеле да се користат во 100% електрични спортски модели.

Компанијата известува дека за тестирање ќе се користи прототип опремен со систем за погон на сите тркала составен од четири електрични мотори, по еден на секое тркало и интегриран систем за контрола на динамиката на возењето.

Самиот прототип се базира на актуелниот „BMW i4 M50“, чии широки браници овозможуваат интеграција на четирите мотори на двете оски. Шасијата е зајакната, при што предниот дел на автомобилот ја користи технологијата на „М3“ и „М4“, што овозможува висок отпор на торзија. За таа цел радијаторот е поместен.

Фактот дека секое од четирите тркала е управувано од електричен мотор овозможува исклучително прецизна и брза распределба на вртежниот момент, за разлика од сегашните системи кои се потпираат на физичка врска помеѓу педалата за гас и моторот.

„Електрификацијата ни дава многу поголема слобода во дизајнот бидејќи имаме помалку компоненти за управување. Ова резултира со незамисливи нивоа на перформанси, токму она што ни треба за електричниот погон да ги гарантира истите сензации како стандардниот M-автомобил“, објаснува Дирк Хакер, раководител на развој во „BMW M GmbH“.

Системот за погон на четири тркала „M xDrive“ ја контролира количината на вртежен момент што се испраќа до поединечните тркала. Четирите мотори се поврзани со интегрирана централна контролна единица која ги следи условите на патот и стилот на возење на возачот. Врз основа на положбата на педалот за гас, аголот на воланот, надолжното и страничното забрзување, брзината на тркалото и другите параметри, идеалната моќност што треба да се пренесе се пресметува за само неколку милисекунди, а овие сигнали се пренесуваат исто толку брзо преку спојката со повеќе дискови и четири диференцијали.

Самото тестирање на патиштата е меѓу последните чекори планирани за дизајнот на новиот автомобил, бидејќи сите прелиминарни студии се вршат на виртуелни модели и тест клупи. Во внатрешноста, овој специјален „i4 M50“ е опремен со низа мерна опрема за детално да го анализира секое сценарио за возење. На овој начин, добиените резултати може да се споредат со оние собрани во реални услови.

Од „BMW“ наведуваат дека се многу задоволни од досегашните резултати од прототипот, кој благодарение на особено чувствителното дозирање на возниот вртежен момент и непосредниот пренос на силата, се движи побрзо во свиоци од стандарден „М“-модел и на сув асфалт. Исто така, во екстремни услови на дожд и снег, каде што има подобра влечна сила и има многу помала тенденција за подуправување. Обновувањето на енергијата при сопирање е исто така многу добро, велат инженерите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП