24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПетрочајна вложува во проекти на Газпром и на Роснефт

Петрочајна вложува во проекти на Газпром и на Роснефт

petrochina1

„Петрочајна“ ја разгледува можноста за инвестирање на околу 10 милијарди долари во источносибирските проекти на „Газпром“ и „Роснефт“.

Според четири добро информирани извори на „Блумберг“, кинеските инвеститори се интересираат за малцинските делови во проектите за развој на гасните полиња во Источен Сибир.

Претставник на „Петрочајна“ изјави дека корпорацијата има намера да развие сеопфатна соработка со руските компании и се надева дека ќе ги реализираат инвестициите во нафтените и гасните проекти.

Меѓутоа, два извора на „Блумберг“, запознаени со позицијата на „Газпром“, велат дека гасниот монопол тешко ќе прифати влез на кинески инвеститори во источносибирските проекти.

„Таквите предлози не се ни разгледани“, рече официјалниот претставник на „Газпром“ Сергеј Кипријанов.

Прес службата на „Роснефт“ одби да коментира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП