20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПочина жестокиот критичар на Путин во егзил, полицијата го истражува случајот

Почина жестокиот критичар на Путин во егзил, полицијата го истражува случајот

Почина 52-годишниот Ден Рапопорт, жесток критичар на Владимир Путин и инвестициски банкар во егзил. Полицијата потврди дека Рапопорт починал во Вашингтон откако ја напуштил Русија.

Нешто пред 18 часот бил пронајден пред луксузна станбена зграда во Џорџтаун. Пред тоа полицијата добила дојава дека некој скокнал од зградата, пишува Индипендент. Лекарите од итна помош му дале прва помош на местото на настанот и тој бил пренесен во болница.

Таму подоцна бил прогласен за мртов. Смртта на Ден Рапопорт останува под истрага, изјави портпаролката на полицијата.

Неговата сопруга вели дека тој не извршил самоубиство

Индипендент го добил полицискиот извештај во кој се наведува дека Рапопорт во моментот на смртта имал скршен мобилен телефон, очила, возачка дозвола и 2.620 долари во готовина.

Јунија Пугачева, поранешна уредничка на руското списание Татлер, ја објави веста за смртта на Рапопорт на Телеграм. Пугачева тврди дека неговото куче било пронајдено во близина на неговиот дом во Вашингтон со пари и проштална белешка. Вдовицата Алена Рапопорт наводно негираше дека нејзиниот сопруг се самоубил.

Таа за руската новинска агенција РБЦ изјави дека истрагата за смртта на нејзиниот сопруг е во тек и дека нема пораки или самоубиство. За жал, сопругот и таткото на нашата ќерка повеќе не е со нас“, изјави вдовицата за РБЦ.

Ја напушти Русија во 2012 година поради поддршката на Навални

Рапопорт ја напушти Русија во 2012 година поради неговата поддршка на продемократскиот активист и противник на Путин, Алексеј Навални. После тоа купил недвижен имот во Вашингтон, кој подоцна и го продал на Иванка Трамп.

По продажбата на имотот, Рапопорт се преселил во Киев и ја запознал својата идна сопруга Алена, украински виролог. Таа вели дека заедно со својата ќерка требало да се сретне со сопругот во САД. Истакнатиот критичар на Путин, Бил Браудер, твитна за смртта на Рапопорт.

„Ова е многу вознемирувачка вест. Тој беше еден од првите финансиери од Москва што ги познавав, кој јавно го поддржуваше Навални. Почивај во мир, Ден“, напиша Браудер на Твитер.

Ден Рапопорт е роден во Латвија додека таа сè уште беше дел од Советскиот Сојуз. Неговото семејство добило политички азил во САД во 1980 година. Рапопорт студирал на Универзитетот во Хјустон, а во текот на 90-тите се преселил во Русија каде што работел во гасната индустрија и се занимавал со финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП