19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрвата земја која ги затвора вратите за „обичните“ Руси

Првата земја која ги затвора вратите за „обичните“ Руси

Естонија оваа недела ќе ги затвори границите за повеќе од 50.000 Руси на кои претходно им биле издадени визи, со што ќе стане првата земја во Европската унија што ќе спроведе мерки кои имаат за цел да го отежнат влезот на обичните Руси во ЕУ.

Русинката Ана, која како и многу Руси секојдневно ја минува границата во естонскиот град Нарва, е загрижена дека повеќе нема да може да доаѓа во Естонија за да ги посети гробовите на своите роднини, пренесува Ројтерс.

„Се надеваме дека нашите земји ќе постигнат компромисно решение. Можеби ќе се договорат за нешто. Се држам настрана од политиката, но бидејќи моите роднини се закопани овде, би сакала да можам сепак да дојдам“, рече таа и додаде дека обичните луѓе не можат да решат ваков проблем.

Забраната доаѓа само четири дена откако украинскиот претседател Володимир Зеленски упати нов повик до земјите од ЕУ да ги укинат визите за руските граѓани, за да се спречи Европа да стане „супермаркет“ отворен за секој што може да дојде.

Финска драстично ги намалува туристичките визи за Русите

Финска најави дека ќе го намали бројот на туристички визи што им се издаваат на Русите за 90 отсто, како знак на растечко незадоволство поради војната во Украина.

Министерката за надворешни работи на Финска, Пека Хависто, ја соопшти оваа одлука како последен директен одговор на руската инвазија на Украина, пренесува Радио Слободна Европа.

Зборувајќи за новинарите во Хелсинки, Хависто рече дека од 1 септември руските туристички визи ќе бидат намалени на само 10 отсто од моментално издадениот број.

„Нема целосно да ги укинеме туристичките визи, туку значително ќе се намали нивниот број“, рече тој и додаде дека приоритет ќе имаат други видови визи, за посета на роднини, семејни контакти, работа, студирање.

Финска моментално обработува околу 1.000 руски апликации за виза дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП