6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкстремни горештини во Кина, фабрики се затвораат за да се заштеди струја

Екстремни горештини во Кина, фабрики се затвораат за да се заштеди струја

Во кинеската провинција Сечуан, сите фабрики беа затворени шест дена, со мерка донесена поради недостигот на електрична енергија за време на најлошиот топлотен бран во Кина во последните 60 години.

Сечуан е клучна локација за индустријата за полупроводници и соларни панели, а мерките за заштеда на енергија ќе ги погодат некои од најголемите компании како снабдувачот на Apple, Foxconn и Intel.

Покраината е и рударски центар во Кина за литиум, клучна компонента на батериите за електричните автомобили. Прекинот на работа може да доведе до пораст на цените на суровините, предупредуваат аналитичарите.

Кина е под влијание на најлошиот топлотен бран во последните 60 години, со температури кои надминуваат 40 степени.

Екстремната топлина ја зголеми потребата за климатизација, што ја оптоварува електричната мрежа. Поради сушата, нивото на реките се намали, со што се намали количината на електрична енергија произведена во хидроцентралите.

Провинцијата Сечуан, дом на 84 милиони луѓе, нареди 19 од 21 град во регионот да го запрат производството во сите фабрики од понеделник до сабота.

Оваа одлука е донесена за домаќинствата да имаат доволно струја.

Покраината страда од жештини и суша од јули. Ноќните светла беа исклучени и во градот Лужоу.

Екстремните температури во Кина, исто така, негативно се одразија на посевите во многу делови од земјата, поради што расте инфлацискиот притисок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП