19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајбогатите изгубија милијарди: Сопственикот на Фејсбук помина најлошо!

Најбогатите изгубија милијарди: Сопственикот на Фејсбук помина најлошо!

Најбогатите луѓе во светот изгубија десетици милијарди долари од почетокот на оваа година.

Само Илон Маск загуби 62 милијарди долари во првите шест месеци, исто како и Џеф Безос, а Марк Цукерберг загуби повеќе од половина од својата нето вредност – 63,5 милијарди долари.

Берзите во САД го имаа најлошото полугодие во последните 50 години. До средината на јуни, берзанскиот индекс S&P 500 падна за повеќе од 20 отсто од почетокот на годината, Dow Jones за близу 20 отсто, а Nasdaq Composite до 30 отсто.

Како што пишува порталот Индекс, повикувајќи се на странски извори, Амазон во 2022 година влезе со цена од 170 долари по акција, која потоа на 14 јуни падна на 102 долари.

Мајкрософт влезе во годината со цена на акцијата од 335 долари, која се намали на 242 долари до 13 јуни.

Мета платформите (Фејсбук) паднаа од 339 долари по акција на 156 долари на 22 јуни.

Цените делумно закрепнаа до август, но сепак е длабок минус.

Акциите на Мајкрософт изгубија 13 отсто од вредноста, Амазон 16 отсто, Мета платформи 47 отсто.

Богатството на најбогатите луѓе во светот првенствено зависи од движењето на цените на акциите, а поголемиот дел од оваа година го одбележа т.н. „мечкин пазар“, пад на цените на акциите поради стравувањата од рецесија и инфлација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП