21 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНаучниците открија молекула која може да го реши еден од најголемите проблеми...

Научниците открија молекула која може да го реши еден од најголемите проблеми во медицината

Откако човештвото ја откри моќта на антибиотиците, безброј животи се спасени ширум светот. Но, со текот на времето, употребата на антибиотици се зголеми, а бактериите стануваа се поотпорни на нив.

Отпорноста на антибиотици е една од најголемите закани за глобалното здравје и посебен предизвик за фармацевтската индустрија. Сепак, се чини дека новото откритие би можело да ги турне антибиотиците во сосема нова насока.

Истражувањето објавено во ACS Publications наведува дека научниците откриле нова молекула, наречена фабимицин, која има способност да ги контролира бактериите кои станале отпорни на антибиотици. Тоа значи дека благодарение на него би можеле да се развијат нови третмани кои би овозможиле борба против тешки инфекции на уринарниот тракт, белите дробови, па дури и крвта.

За разлика од многу други антибиотици кои се неефикасни против грам-негативни бактерии, фабимицинот поминува низ надворешниот слој на бактериите и се акумулира таму каде што може да направи најголема штета. Додадената вредност на оваа молекула е тоа што се чини дека препознава кои се „добри“, а кои „лоши“ бактерии и не убива премногу здрави бактерии.

Како што навеле во истражувањето, тимот кој го открил фабимицинот, започнал тестирање со антибиотик за кој е потврдено дека е ефикасен во сузбивањето на грам-позитивните бактерии. Тие направија неколку структурни промени за да овозможат на молекулата да влезе во грам-негативни бактерии.

За време на тестирањето, фабимицинот бил ефикасен против повеќе од 300 видови бактерии отпорни на антибиотици.

Со оглед на ветувачката активност на фабимицинот во моделите на инфекција кај глувците и охрабрувачките податоци дека фабимицинот е драматично постабилен кај стаорците и во човечката плазма, веројатно е дека неговата ефикасност може дополнително да се подобри кога се користи за борба против инфекции кај покомплицирани организми, стои во истражувањето.

Иако резултатите се ветувачки и даваат надеж дека медицината ќе добие ефикасно оружје во борбата против грам-негативните бактерии, треба уште многу да се работи пред лековите базирани на фабимицин да станат достапни за пациентите.

Јачината на фабимицинот, во комбинација со многу ниската фреквенција на отпор и недостатокот на претходен отпор, ветува, пишуваат авторите на студијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП