20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако да заштедите во продавница: 8 совети

Како да заштедите во продавница: 8 совети

supermarket

Граѓаните во нашава држава за купување храна и плаќање сметки треба да одвојат повеќе од една просечна плата. Најголемиот дел од потрошувачката е на прехрамбените производи, кои константно бележат раст на цените. Сепак постојат начини подобро да ја организираме нашата потрошувачка и да потрошиме помалку пари.

 

1.Големопродажните трговски ланци во соработка со производителите им нудат на купувачите пониски, акциски цени на производите.На акциски попусти се остварува 20 отсто помала сметка од прометот.

2.Многу сајтови за групно купување им нудат на граѓаните попусти за различни работи- од  храна и алкохол, поклони, патувања, па со паметен избор може да се заштеди значаен износ на пари.

3.Спредот за истите артикли често осцилираат од град во град, но и од продавница до продавница, па дури и во истата населба. Шетањето од продавница до продавница може да придонесе за значителна заштеда. Најголем спред е забележан кај месните и млечни производи, каде цените се разликуваат и до 70 отсто.

4.Пазарот е најскап во раните утрински часови. Продавачите добро знаат дека треба да ја намалуваат цената како што изминува денот бидејки не им е во интерес да остане непродадено овошјето и зеленчукот, посебно она кое е лесно расипливо.

5.Според некои проценки, поради лошото планирање, третина од купената храна завршува во канта. Купувајте само онолку колку што ви е потребно и користете ги остатоците од храна- зеленчук за салата, стариот леб за пржени лепчиња, месо за сендвич….

6.Планирана шопинг тура во некој супермаркет е најдобар начин да се заштедат пари.Стручните совети велат дека најдобро е купувачите да си понесат список со себе и да купуваат само тоа што има на него.

7.Зеленчукот за зимница најевтино е да се купи на кванташките пазари, каде што понекогаш голема количина е дури и половина поевтина отколку на зелените пазари.

8.Козметика,тоалетна хартија, хартиени марамчиња, хемикалии за домаќинство, слатки, грицки, на пазарите се и до 30 отсто поевтини од продавниците. На овие места не треба да се купува лесно расиплива стока.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП