19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКличко: Украина се подготвува за сите можни сценарија

Кличко: Украина се подготвува за сите можни сценарија

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека градските власти ќе направат се за жителите на главниот град да имаат греење.

Тој, имајќи ги предвид моменталните околности, ги повика граѓаните да подготват топла облека.

Кличко во интервју за порталот Бабел изјави дека властите се подготвуваат за сите можни сценарија и дека граѓаните треба да го сторат истото и да имаат топла облека при рака за секој случај, пренесува Укринформ.

„Не ја исклучуваме можноста за терористички напади, напади на бензински пумпи. Го разгледуваме и ова сценарио“, рече Кличко.

Тој побара од граѓаните да подготват топла облека, топли ќебиња и додаде дека не е исклучена можноста температурата во становите да биде неколку степени под нормалата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП