23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Maserati“ ќе пензионира популарен модел

„Maserati“ ќе пензионира популарен модел

По создавањето на групата „Stellantis“ и лансирањето на суперавтомобилот „MC20“, опремен со сосема новиот V6 мотор, „Maserati“ доживува вистинска ренесанса. Италијанскиот производител се подготвува да оди на електричен погон, а по лансирањето на „MC20“ со бензинец од 630 ks, спортското купе ќе добие и целосно електрична верзија.

Марката неодамна го лансираше својот втор кросовер, „Grecale“, и се подготвува да ја претстави новата генерација на „GranTurismo“. Меѓутоа, во исто време, уште еден популарен модел – „Ghibli“ – ќе испадне од гамата на „Maserati“. Сегашната генерација на седанот ќе биде достапна до 2024-то година, но без наследник.

Во „Maserati“, сепак, не планираат да го остават сегментот празен, бидејќи по пензионирањето на „Ghibli“, ќе се направат промени на неговиот постар брат „Quattroporte“. Димензиите на моделот ќе се намалат и така, всушност, двата модели ќе се спојат во еден. Името „Ghibli“ ќе исчезне, но неговата големина ќе живее. Или кажано поинаку – клиентите ќе можат да си дозволат нов „Quattroporte“, но со иста големина како сегашниот „Ghibli“.

„Долгорочниот план е „Ghibli“ да биде заменет со „Quattroporte“, овие два модели ќе станат еден. Според тоа, „Quattroporte“ ќе стане автомобил со кратко меѓуоскино растојание, со големина на „Ghibli“, но наречен „Quattroporte“. Искрено, овој сегмент [голем автомобил] во кој се натпреварува „Ghibli“ изгуби многу од својата предност“, рече Грант Барлинг, управен директор на австралиската поделба на „Maserati“.

Компанијата е свесна дека клиентите во моментов претпочитаат теренци и кросовери наместо седани. Токму поради оваа причина, „Levante“ ќе се ажурира и ќе постои и во термичка и во електрична верзија. Во исто време, „Maserati“ го отфрли оригиналниот 3,9-литарски твин-турбо V8 мотор на „Ferrari“. Неговото место ќе го заземе „Nettuno V6“, што е сопствен развој на компанијата. Но, овој мотор нема да има многу долг животен век, бидејќи „Maserati“ ќе стане производител на електрични возила веќе во 2030-та година.

Минатата година во Европа беа продадени само 1.434 примероци од „Ghibli“, што е далеку од достигнувањето на главниот конкурент во сегментот „BMW 5-Series“ со 53.936 продажби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП