20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеската централна банка неочекувано ги намали каматните стапки

Кинеската централна банка неочекувано ги намали каматните стапки

Народната банка на Кина (PBOC) ги намали едногодишните среднорочни заеми за 59,3 милијарди долари, заеми на некои финансиски институции за десет базични поени на 2,75 отсто, објавено е на веб-страницата на централната банка.

Главната причина за ваквата одлука е стимулирање на побарувачката, по неочекуваното забавување на економијата во јули, во услови на потисната индустриска и малопродажна активност поради рестриктивните мерки против корона вирусот.

Поради сето ова, многу економисти ги намалија своите прогнози кога станува збор за перформансите на втората по големина економија во светот. Според „Reuters“, сите 32 испитаници во минатонеделното истражување предвиделе дека стапката на среднорочни заеми ќе остане стабилна.

„PBOC“, исто така, ја намали својата седумдневна обратна репо стапка за десет базични поени на два проценти.

Инаку, податоците на Националното биро за статистика покажуваат дека индустриското производство во јули е зголемено за 3,8 отсто во однос на истиот период лани, додека продажбата на мало во јуни годинава е зголемена за само 2,7 отсто.

„Народната банка на Кина веќе реагира на овие пречки со засилување на поддршката. Но, бидејќи кредитниот раст се покажа помалку чувствителен на олеснување отколку во минатото, тоа веројатно нема да биде доволно за да се спречи понатамошна економска слабост“, пишува „Reuters“.

Според агенцијата, кинеската економија за малку избегнала контракција во вториот квартал, попречена од затворањето на трговскиот центар Шангај, продлабочувањето на падот на пазарот на недвижности и упорно намалената потрошувачка.

Остануваат ризици бидејќи многу кинески градови, вклучително и производствени центри и популарни туристички места, воведоа мерки за заклучување во јули, откако беа откриени нови видови на вирусот омикрон на коронавирусот.

Секторот на недвижности, дополнително потресен од бојкотот на хипотеките што влијаеше на расположението на купувачите, се влоши во јули. Инвестициите во недвижности во јули се намалени за 12,3 отсто, што е најбрза стапка годинава, додека падот на новите продажби се продлабочи на 28,9 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП