25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВенецуела ги прекина новите испораки на сурова нафта за Европа

Венецуела ги прекина новите испораки на сурова нафта за Европа

Венецуела ги суспендираше новите испораки на сурова нафта во Европа и бара гориво од италијанската Eni и од шпанската Repsol во замена за идните товарни пратки, објави Ројтерс, цитирајќи три лица директно запознаени со ова прашање.

Венецуелската нафтена компанија PDVSA повеќе не е заинтересирана за договор „нафта за долг“ одобрен од американскиот Стејт департмент во мај, кој и овозможи на државната компанија да продолжи со испораките за Европа по двегодишната суспензија предизвикана од американските санкции, рекоа извори на британската агенција.

Вашингтон ги одобри пратките се додека приходите се користат за отплата на акумулираниот долг на PDVSA кон заедничкото вложување со Eni и Repsol.

PDVSA сака да се врати на нафтен своп, но тоа се уште не е можно. Нема интерес за договор нафта за долг, изјави извор вклучен во претходните товарни пратки во Европа.

Испораките на венецуелска нафта, особено до рафинериите во Шпанија, и помогнаа на Европа да го намали купувањето на руска нафта по нападот врз Украина.

Условите на договорот, сепак, не ги обезбедија потребните готовина или гориво за венецуелскиот гигант, чии сопствени рафинерии се борат да произведуваат бензин и дизел по долгогодишно недоволно инвестирање и недостиг на резервни делови за поправки.

PDVSA, Eni, Repsol и Стејт департментот не одговорија веднаш на барањата на Ројтерс за коментар. Во августовскиот распоред за испорака на PDVSA, нема одредено време на товарење за танкерите на Eni или Repsol во Европа, иако разредените резерви на сурова нафта во пристаништето Хозе се зголемија на речиси 5,0 милиони барели до 8 август. PDVSA сака да добие гориво во замена за својата нафта, а тој дел од вредноста на тој товар да се искористи за да се надоместат долговите од милијарди долари на партнерите во заедничкото вложување што ги вклучува Chevron, Eni и Repsol, рекоа соговорниците на Ројтерс.

Промената на договорот би можела да и помогне на венецуелската компанија да го оживее својот екстра тежок нафтен бизнис во басенот Ориноко, на кој му требаат увезени разредувачи за да бидат квалитетни за извоз и да и овозможи на земјата да го намали својот дефицит на моторно гориво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП