2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов план на Европа: Ќе градат подморски гасовод?

Нов план на Европа: Ќе градат подморски гасовод?

Европските власти ги разгледуваат плановите за изградба на нов гасовод што ќе ги поврзува Пиринејскиот Полуостров и Централна Европа, заобиколувајќи ја Франција.

Ова го изјави португалскиот премиер Антонио Коста.

Коста рече дека Европската комисија смета дека е можно да се изгради алтернативна рута за гас меѓу Централна Европа и Пиринејскиот Полуостров, објави португалскиот онлајн весник „Обсервадор“.

Премиерот, наводно, рекол дека првичниот план, кој претпоставувал гасовод низ Франција, пропаднал поради еколошките грижи на француската влада. Потенцијалниот гасовод што ќе ја заобиколи Франција ќе ги поврзе Португалија и Шпанија со Италија и ќе мине под Средоземното Море.

На крајот од јули, шпанскиот радио-емитер Cadena SER цитираше извори од републичкото Министерство за транзиција и демографски предизвици, кои велат дека Мадрид размислува да понуди да извезува гас во Европа преку два цевководи преку Пиринеите, како и да користи сопствен гасовод за да избегне намалување на потрошувачката.

ЕУ се соочува со енергетска криза во последниве месеци, со зголемени цени на гасот поради ниските нивоа во подземните складишта по ладната зима и топлото лето од минатата година, како и западните санкции против Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП