26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗаштедете ја енергијата при работа: Избегнувајте ја рутината

Заштедете ја енергијата при работа: Избегнувајте ја рутината

W

Често се чувствувате исцрпени на работа? Не сте единствените! Еве неколку совети за тоа како да ја заштедите енергијата и да бидете повеќе ефикасни.

Добар сон

Прво и основно правило за добро расположение, но и за поголема продуктивност е добриот сон. Скратувањето на сонот не треба да ви стане навика.

Вежбајте во претпладневните часови

Доколку сакате да имате доволно енергија за цел ден, огранизирајте ги своите обврски, така што ќе можете да вежбатe во претпладневните часови. Доволно е да вежбате половина час секој ден.

Пијте доволно вода

Редовното внесување на течности е добро за вашето здравје, а освен тоа, помага и во зачувување на вашата енергија. Истражувањата потврдија дека поспаноста и главоболките се поврзани со лошата хидратација на организмот.

Појадувајте!

Дали ви се случува да го одложите појадокот на работа или едноставно да не чувствувате глад наутро? Истражувањата покажуваат дека редовното појадување ја зголемува енергијата.

Избегнувајте ја рутината

Добро е да имате рутина во обавувањето на некои работи, со тоа се подобрува вашата ефикасност, но не дозволувајте таа да прејде во монотонија. Обидете се некогаш нешто да промените, односно направете го на поинаков начин. Доволно е само да го замените редоследот на задачите. Овие мали промени значат многу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП