28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТТрамп на свечена вечера со кинескиот претседател Си Џинпинг издржал до чоколадниот...

Трамп на свечена вечера со кинескиот претседател Си Џинпинг издржал до чоколадниот десерт за да не му открие државна тајна

Запленувањето на доверливи владини документи во имотот Мар-а-Лаго, поранешната „зимска Бела куќа“, јасно ја покажува безбедносната загриженост што ја предизвикува Трамп.

Доналд Трамп е под истрага на ФБИ за можни прекршувања на Законот за шпионажа, што, меѓу другото, го оневозможува споделувањето доверливи информации со оние кои не се овластени да ги имаат.

Дури и како претседател, Трамп го правел тоа. На почетокот на неговиот мандат, тој спонтано му дал на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров високо доверливи информации за операцијата против Исламската држава.

Но, Мар-а-Лаго, каде се организираат свадби, прослави и добротворни вечери, е особен трн во окото на американските разузнавачи. Иако Тајната служба го обезбедува поранешниот претседател и локацијата, нејзините агенти немаат овластување да ги проверуваат гостите или членовите на клубот на Трамп.

Налогот за претрес на имотот на Трамп јасно покажува загриженост за националната безбедност, изјави поранешната функционерка на американското Министерство за правда, Мери Мекорд.

„Очигледно им беше многу важно безбедно да ги вратат документите“, рече таа. „Поседувањето високо доверливи документи на место каде што доаѓаат бројни странски посетители и други кои можеби имаат врски со странски влади и агенти создава значајна безбедносна закана“, додаде таа.

Трамп тврди дека тоа не се доверливи документи

Трамп, од друга страна, тврди дека сите документи што ги поседува се декласифицирани и се на безбедно место.

Агентите на ФБИ заплениле десетици кутии со документи од имотот претходно оваа недела, вклучително и некои со информации за одбраната.

„Тоа опкружување е кошмар за ракување со високо доверливи информации“, изјави поранешен службеник на американското разузнавање. „Кошмар“, повтори тој.

Министерството за правда не објави каде и како се чуваат документите и фотографиите, но лежерноста во Мар-а-Лаго е добро позната.

Добар пример е свечената вечера на Трамп и тогашниот јапонски премиер Шинзо Абе, која беше организирана во 2017 година на огромна тераса на отворено во Мар-а-Лаго со многу други гости. Вечерата беше нарушена од севернокорејски ракетен тест, па гостите кои кружеа наоколу можеа да го слушнат и снимаат разговорот на Трамп и Абе за контрамерки.

Нападот на Сирија му го кажал на кинескиот претседател

Белата куќа тогаш одлучи да создаде безбедна просторија во Мар-а-Лаго за чувствителни разговори. Таму Трамп и неговите соработници одлучија да извршат воздушни напади против Сирија поради употребата на хемиско оружје.

По донесувањето на одлуката, Трамп се подготви за свечена вечера со кинескиот претседател Си Џинпинг. Издржал до чоколадниот десерт за да не му открие на својот кинески колега што има намера да прави.

Во 2019 година, кинескиња со скриен малициозен софтвер ја поминала првата безбедносна проверка на влезот во клубот во Мар-а-Лаго и беше уапсена во последен момент.

Тогашниот началник на кабинетот на Белата куќа, Џон Кели се обиде да го ограничи пристапот до Мар-а-Лаго, но Трамп одби да се сложи со тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП