26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПогодено складиште за нуклеарен отпад: Итно мора да престане гранатирањето на најголемата...

Погодено складиште за нуклеарен отпад: Итно мора да престане гранатирањето на најголемата нуклеарна централа во Европа

Постојаниот претставник на Русија во меѓународните организации во Виена, Михаил Улјанов денеска изјави дека Украина мора да ги прекине нападите врз нуклеарната централа Запорожје.

Тој изјави дека неодамнешната дискусија во Советот за безбедност на Обединетите нации, одржана на барање на Русија на 11 август, покажала дека во основа никој не се противи на мисијата на претставниците на Меѓународната агенција за атомска енергија, кои треба да го посетат Запорожје.

-Сепак, не може да се исклучи дека може да се појават некои потешкотии додека е во тек договорот за организација на посетата. Сега е важно Украинците да престанат да ја гранатираат електраната и да дадат безбедносни гаранции на членовите на мисијата. Меѓународниот тим не може да работи под континуирано гранатирање, ова е главната пречка, изјави Уљанов за ТАС С.

Запорожје, најголемата нуклеарна централа во Европа, се наоѓа во градот Енергодар и е под контрола на руските сили.

ТАС С наведува дека Киев во изминатите денови извршил неколку напади на подрачјето на нуклеарната централа со помош на беспилотни летала, тешка артилерија и повеќе ракетни фрлачи, а во повеќето случаи нападите биле одбиени од руски системи за противвоздушна одбрана.

Сепак, дел од инфраструктурата беше погодена, вклучително и складиштето за нуклеарен отпад, додава руската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП