29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГолем пораст на продажбата на електрични автомобили на светскиот пазар

Голем пораст на продажбата на електрични автомобили на светскиот пазар

Комбинацијата на различни фактори ги поттикна работите на пазарот на електрични автомобили – од зголемување на понудата на пазарот и владини субвенции до зголемување на цените на горивото. А колку расте побарувачката за електрични возила најдобро може да се види од податоците на аналитичката компанија Canalys за првата половина од оваа година.

Во однос на претходната година, светскиот пазар бележи пораст од дури 63 проценти, а треба да се нагласи дека оваа аналитичка компанија ги имала предвид и електричните возила и плаг-ин хибридите.

Најдобри резултати се постигнати на кинескиот пазар. Во првите шест месеци од оваа година, во најнаселената земја во светот се продадени 2,4 милиони електрични возила, што претставува повеќе од четвртина од вкупниот пазар на автомобили и е зголемување во однос на истиот период во 2021 година, кога уделот на електрични автомобили на кинескиот пазар беше десет проценти.

Споредено со светскиот пазар, дури 57 отсто од електричните автомобили се продадени во Кина, покажуваат податоците на Canalys. Овде на пазарот доминира компанијата BYD, чии автомобили зафаќаат 6 од 10 најпродавани автомобили во Кина.

По Кина, најголем удел има Европа со 27 отсто од пазарот. На нашиот континент се продадени 1,1 милион електрични возила, што претставува 20 отсто од сите продадени автомобили во првата половина од годината, што е зголемување во однос на 2021 година, кога учеството беше 16 отсто. Во Европа поради актуелната ситуација, продажбата е забавена во однос на лани, а е забележан и пад на побарувачката за хибриди. Што се однесува до најпопуларните е-автомобили, првите две места ги зазеде Tesla со моделите Y и 3.

САД се на трето место – заземаат 10 проценти од вкупниот пазар на електрични возила, додека во однос на вкупниот удел на возила што се продаваат во таа земја, уделот на возилата со електромотори е зголемен од 3 на 6 проценти. На американскиот пазар доминира Tesla, која зазеде 60 отсто од пазарот на електрични автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП