26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГаспром и испорачува на Унгарија повеќе гас отколку што е предвидено во...

Гаспром и испорачува на Унгарија повеќе гас отколку што е предвидено во долгорочниот договор

„Газпром“ почна да испорачува дополнителни количества гас за Унгарија, повеќе од предвидените со долгорочниот договор меѓу двете земји, објави на својот Фејсбук профил државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Унгарија, Тамаш Менчер.

Тамаш Менчер потсети дека владата во Будимпешта претходно одлучила да купи дополнителни 700 милиони кубни метри гас за да и обезбеди енергија на Унгарија додека Европа се соочува со енергетската криза предизвикана од војната во Украина и санкциите против Русија, пренесува агенцијата МТИ.

Разговорите што унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ги одржа претходно со своите домаќини во Москва го отворија патот за договор врз основа на кој Гаспром почна да испорачува дополнителни количества гас, објасни Менчер.

Во првата фаза, до крајот на август, „Газпром“ дневно ќе испорачува дополнителни 2,6 милиони кубни метри гас преку гасоводот „Турски поток“, рече унгарскиот претставник, додавајќи дека во тек се дискусии за динамиката на испораката на гас за септември.

Менчер истакна дека зафатеноста на унгарските складишта за гас е 32 отсто од вкупниот капацитет, додека просекот во Европската унија е под 20 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП