12 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТКисинџер: САД во отсуство на голем лидер доведени на работ на војна...

Кисинџер: САД во отсуство на голем лидер доведени на работ на војна со Русија и Кина

Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер изјави за Волстрит журнал дека Вашингтон ја отфрли традиционалната дипломатија и во отсуство на голем лидер, го доведе светот на работ на војна со Русија и Кина поради Украина и Тајван.

„Ние сме на работ на војна со Русија и Кина за прашања што самите ги создаваме, без никаков концепт како ова ќе заврши или до што треба да доведе“, рече Кисинџер во интервјуто објавено денеска.

Деведесет и деветгодишниот Хенри Кисинџер ја истакна улогата на Западот во конфликтот во Украина во една неодамнешна книга која ги профилира истакнатите водачи по Втората светска војна. Тој ја опиша одлуката на Русија да испрати војници во земјата во февруари како мотивирана од сопствената безбедност, бидејќи влезот на Украина во НАТО ќе го премести оружјето на алијансата на 480 километри од Москва.

Спротивно на тоа, тој тврди дека ако Украина потполно потпадне под руско влијание, тоа малку би направило за „да ги смири историските стравови на Европа од руската доминација“.

Дипломатите во Киев и Вашингтон требаше да ги балансираат овие грижи, рече Кисинџер, опишувајќи го актуелниот конфликт во Украина како „неуспешен стратешки дијалог“.

Кисинџер, познат по своите контроверзни, но остри критики, во овој разговор инсистираше на тоа дека Западот требаше сериозно да ги сфати безбедносните барања на рускиот претседател Владимир Путин и одби да сигнализира дека Украина еден ден ќе биде примена во НАТО алијансата.

Пред својата воена операција во Украина, Русија им претстави на САД и на НАТО писмени нацрти за нејзините безбедносни грижи, кои двете страни ги отфрлија, посочува тој.

Кисинџер, кој во доцните 1960-ти и раните 1970-ти водеше обемни преговори со виетнамските комунисти дури и додека американската војска водеше војна против нив, рече дека современите американски лидери имаат тенденција да ја гледаат дипломатијата како „лични односи со противникот“, а зборовите кои Волстрит журнал ги парафразира, тие „настојуваат да ги гледаат преговорите во мисионерска, а не психолошка смисла, настојувајќи да ги преобратат или осудат своите соговорници наместо да навлезат во нивното размислување.

Наместо тоа, Кисинџер тврдеше дека САД треба да бараат „рамнотежа“ меѓу себе, Русија и Кина.

„Овој термин се однесува на еден вид рамнотежа на моќта, притоа прифаќајќи ја легитимноста на понекогаш спротивставените вредности. Затоа што ако верувате дека крајниот исход од вашите напори мора да биде наметнувањето на вашите вредности, тогаш мислам дека балансот не е возможен“, објасни Кисинџер.

Според Кисинџер, САД повеќе не се во позиција да застанат на страната на Русија или Кина.

„Се што можете да направите е да не ескалирате тензии и да не создавате опции, а за тоа треба да имате одредена цел“, заклучи тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП