30 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПовторно гранатирана нуклеарната централа Запорожје

Повторно гранатирана нуклеарната централа Запорожје

Украинските сили повторно ги гаѓаат Енергодар и нуклеарната централа Запорожје, објавија властите во Запорожјската област.

„Енергодар и нуклеарната централа повторно се мети на гранатирање на украинските сили. Според очевидци, во градот повторно се слушаат експлозии“, напиша на Телеграм високиот локален функционер Владимир Рогов, пренесува Спутник.

Тој додаде дека властите ќе бидат принудени да ја конзервираат електраната доколку продолжи гранатирањето на нуклеарната централа Запорожје.

Тој исто така предупреди дека Киев ќе остане без можност да се снабдува со струја од таа електрана.

Украинското гранатирање на хидроелектричната брана Каховка може да предизвика нуклеарна катастрофа во нуклеарната централа Запорожје, изјави денеска на прес-конференција заменик директорот на хидроцентралата Арсениј Зеленски.

„Доколку има проблеми со браната на хидроцентралата Каховка, ќе има големи проблеми во нуклеарната централа Запорожје и можна е нуклеарна катастрофа“, рече Зеленски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП