23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Шринкфлацијата“ ги налути Германците

„Шринкфлацијата“ ги налути Германците

Германските купувачи сè повеќе се лути поради обидите за тајното зголемување на цените на стоките.

Иако таканаречената „смалена инфлација“ или „шрикнфлација“ – кога цената на производот останува иста иако неговата големина/тежина се намалува, не е нова појава, властите за заштита на потрошувачите во најголемата европска економија се преплавени со поплаки, пишува „Bloomberg“.

Канцеларијата на една од службите за заштита на потрошувачите во Хамбург примила околу 100 пријави на потрошувачи во последните две недели, што е своевиден рекорд.

Во списокот на службата се вклучени 14% зголемување на цената на „гумените мечиња“ и 20% зголемување на чипсот. Производителите го нарекоа скокот на цената од 25 отсто за некој путер „исклучителен чекор во тешки времиња“ предизвикан од „драматичното зголемување на трошоците низ синџирот на снабдување, вклучувајќи ги и суровините“.

Цените на храната се најголемиот двигател на инфлацијата во Германија по енергијата, растејќи со годишна стапка од 14% во јули – речиси двојно повеќе од главниот индекс. Тоа ги протега буџетите на домаќинствата со ниски приходи, кои имаат намалени бафери за готовина по повеќе од две години прекини поради пандемијата со коронавирусот.

Германските потрошувачи се соочуваат со рекордно високи стапки на инфлација. Извор: Destatis

„Она што го гледаме сега е всушност само почеток“, коментира Армин Валет, специјалист за храна во органот за заштита на потрошувачите во Хамбург.

Според него, помеѓу продажбата на стоки во старото пакување и планирањето, производството и испораката на нови, потребни се околу половина година за да се подготви скриеното поскапување.

„Искуството покажува дека оваа измама со намалување на големината на производот ќе биде широко користена во есен, зима и почетокот на следната година“, истакнува Валет.

Заводот за статистика на Германија е свесен што се случува и вели дека не е измамен со таквата тактика. Експертите, кои месечно ги следат цените на над 300.000 стоки и услуги, забележуваат и во колкав обем се нудат соодветните производи.

Инфлацијата во Германија се очекува да забрза до 9,1% овој квартал пред постепено да се олади на 2%, прогнозира „Bloomberg Economics“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП