16 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗШто направи „Brabus“ од најлуксузниот електричен „Mercedes“ (ФОТО/ВИДЕО)

Што направи „Brabus“ од најлуксузниот електричен „Mercedes“ (ФОТО/ВИДЕО)

Многумина се прашуваат дали ова е иднината на тјунингот.

Ако е така, тогаш тоа носи сосема нови правила. Тјунерите се префрлаат на електрични автомобили, што во превод значи дека некои ги заклучуваат вратите. Имено, просторот за тјунинг овде е ограничен, особено кога станува збор за погонот.

„Brabus“ сè уште покажува како тоа може да се направи и со „Mercedes EQS 450“, еден од технолошки најнапредните електрични автомобили на денешницата.

Интересно е што „Brabus“ најпрво реши да ја подобри аеродинамиката и тоа на моделот кој има најнизок коефициент на отпор на воздух меѓу сериските автомобили (Cd = 0,20).

И успеа во тоа, а подобрувањето е 7,2 отсто.

Сите нови делови се направени од јаглеродни влакна, а вклучуваат специјални дефлектори и нови додатоци за спојлер и заден дифузер.

Од „Brabus“ велат дека при брзини од 100 до 140 km/h автономијата на возење ќе се зголеми за околу 7 проценти, односно за околу 50 km.

Подесувањето вклучува вградување на моноблок тркала со дијаметар до 22 инчи, префинетост на воздушната суспензија, како и персонализирана внатрешност.

И тоа е се од тјунингот на возилото.

За потсетување, „EQS 450+“ произведува 245 kW (и 568 Nm), а потрошувачката според WLTP е 20,4-15,7 kWh/100 km.

Од 0 до 100 km/h оди за 6,2 секунди, а цената на основната верзија е околу 115.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП