17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Германија и требаат уште половина милион работници

На Германија и требаат уште половина милион работници

Германскиот пазар на труд, кој се соочува со голем недостиг на квалификувана работна сила во сите економски сектори, има потреба од половина милион луѓе повеќе, а здруженијата на работодавачи бараат зголемена имиграција на работници, известува Институтот за германска економија (IW) од Келн.

Во Германија од јули минатата година до јули годинава на пазарот на трудот недостасувале повеќе од половина милион квалификувани работници, покажува студијата на тој институт.

Регистрирани се вкупно 537.923 непополнети работни места, а најмногу проблеми со вработувањето стручен труд во изминатите 12 месеци имало во секторот социјална работа.

Во областа на социјалната работа не се пополнети 20.578 работни места – што е нов рекорд, според IW.

„Станува збор за професионалната работна сила на која и недостасува социјална работа во училиштата, работа со млади, деца и во домови за стари лица или советување за зависници – со други зборови, во сите оние области каде што е потребна човечка поддршка за решавање на социјалните проблеми”, наведуваат авторите на студијата Хелен Хикман и Филиц Конеберг.

Приближен недостаток на квалификувани работници е забележан и во секторот каде што работат просветните работници, каде што се непополнети 20.500 работни места.

„Во тој сектор се работи за рекордна вредност. Во домовите за стари лица има недостиг од 8.279 негувателки, потребни се 16.974 електротехничари, а во здравствениот сектор, односно грижата за пациентите се потребни уште 16.839 работници“, се наведува во студијата.

Сè потешко е да се најде квалификувана работна сила и санитарни компании, односно компаниите кои се занимаваат со системите за греење или одржување на климатизацијата немаат 14.013 работници. Германски компании бараат и 13.638 информатичари, 12.060 физиотерапевти, 11.771 техничари за одржување на моторни возила, како и 10.562 професионални возачи.

Институтот од Келн предвидува дополнително влошување на состојбата со недостиг од возачи на пазарот на трудот, имајќи предвид „дека возачите се натпросечно стари и имајќи предвид дека недостигаат помлади луѓе“.

Претседателот на здружението на работодавачи од металопреработувачката индустрија, Штефан Волф е за донесување на нов закон за имиграција поради недостигот на квалификувана работна сила.

„Потребен ни е закон за имиграција каков што има Канада. На имигрантите мора да им се гарантира долгорочно право да останат во Германија“, заклучи Волф.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП