8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТМедведев: И Европската Унија има нуклеарни централи, и таму може да се...

Медведев: И Европската Унија има нуклеарни централи, и таму може да се случат несреќи

Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Васил Небезнија, денеска изјави дека неговата земја не го поддржува предлогот за создавање демилитаризирана зона во близина на нуклеарната централа во Запорожје.

„Демилитаризацијата може да доведе до ранливост на електраната поради оние кои сакаат да дојдат таму. Никој не знае какви цели и задачи би можеле да имаат. Не можеме да исклучиме какви било провокации или терористички напади врз електраната, која мораме да ја заштитиме“, рече Небезнија, пренесува Интерфакс.

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш претходно повика на повлекување на целиот воен персонал и воена опрема од централата и да се избегне распоредување на какви било други воени сили или опрема во областа.

„Објектот не треба да се користи како дел од какви било воени операции. Наместо тоа, неопходно е итно да се постигне договор на техничко ниво за воспоставување безбедносен периметар и за демилитаризација со цел да се обезбеди безбедност во регионот“, рече Гутереш.

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев денеска упати „прикриена“ закана до западните сојузници на Украина, кои ја обвинуваат Русија дека создава ризик од нуклеарна катастрофа со стационирање на своите сили во близина на електраната во Запорожје, пишува „Гардијан“.

Украина ја обвини Русија дека извршила напади врз украинските градови од позиции во близина на нуклеарната централа, знаејќи дека на украинските сили нема да им биде дозволено да ризикуваат возвратен оган.

Украинските власти тврдат дека Русија ја бомбардирала оваа област и за тоа ја обвинуваат Украина.

Од друга страна, Москва тврди дека Украина ја бомбардирала електраната.

„Тие (Киев и нивните сојузници) велат дека Русија е (одговорна). Тоа е очигледно 100% глупост, дури и за глупавата русофобична јавност“, напиша Медведев, актуелниот заменик на Советот за безбедност на Русија, на својот канал Телеграм.

„Велат дека тоа се случува само случајно, како „не сакавме“. Што да кажам? Да не заборавиме дека и Европската Унија има нуклеарни централи. И таму може да се случат несреќи“, предупреди Медведев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП