2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВраќањето на работа од годишен одмор може да биде многу лесно

Враќањето на работа од годишен одмор може да биде многу лесно

rabota

Враќањето во реалноста преполна со обврски, брзи и неподносливи односи на работното место, трпеливо не чека додека се одмараме , потполно опуштени на својот заслужен одмор.

Речиси е невозможно да се избегне стресот и ужасот кој не дочекува по враќањето од одмор, но тоа може да се ублажи и на работа да започнеме подготвени за нови шокови и обврски. За почеток, избегнувајте да се враќате од одмор во недела доколку започнувате со работа во понеделник. Доколку се вратите од одмор во саботата или во петок, полека ќе се навикнете на “старото” темпо на живот и на одговорностите , барем во домаќинството, и на тој начин ќе обезбедите полесно и побезболно враќање на работа. Пред да заминете на годишен одмор, испратете им е-маил на сите соработници колку време ќе бидете отсутни, и контакт од колегите кои ќе ве заменуваат.

На тој начин ќе избегнете пренатрупаност од обврски уште првиот ден. Добро е во известувачката порака до колегите да ставите дека ќе се вратите еден ден подоцна од планираниот, со цел да “купите” уште еден ден време, во кој ќе ги разгледате на раат обврските кои ве чекаат и ќе ги организирате истите.

 

Опуштете се и добро одморете се

На годишниот одмор стремете се кон тоа што е можно поскоро да се “исклучите” од работата. Колку побрзо го направите тоа, толку полесно ќе успеете да се олабавите, а доколку се одмарате со семејството или пријателите и тие ќе бидат благодарни што нема да ги оптеретувате со својата работа. Договорете се со вашите колеги да ви се јавуваат само во итни случаи .

 

Лаптопот и e-mail – от не се дел од годишниот одмор

Иако е тешко во денешно време да се избегне интернетот, важно е пред да заминете на одмор да одлучи дали ќе ја проверувате електронската пошта или не. Бидете искрени со себе и доколку сте приврзани за Фејсбук или за меилот, оставете го лаптоп дома. Размислете дали ќе бидете во можност да одолеете и да погледнете само една порака или ќе ви биде потребно повеќе време. Ако седите еден час на компјутер, слободно оставете го дома. Некои вести и пораки, не само што може да ве вознемират додека сте на одмор, ќе ве вратат на работа уморни и оптоварени повеќе отколку што сте биле пред заминувањето.

 

Радувајте се на враќањето на работа

Пред првиот работен ден по годишниот одмор, размислете за своите ставови кон работата. Обидете се да бидете позитивни и радувајте се  на она што ве очекува на работа. Тоа може да биде добра пријателка од работа или проект во кој ќе уживате. Колку повеќе сте оптимисти,  толку полесно ќе го доживеете купот работа кој ве чека да го сработите. Исто така ќе ви помогне во планирањето на следниот одмор.

 

Фокусирајте се првите неколку дена

Не очекувајте премногу од себе првите денови на работа. Најдобро е првиот ден да го издвоите за внимателно читање на пропуштените e-mail пораки, повиците и обврските кои чекаат на вас. Не брзајте. После одморот не можете да работите со иста брзина како и претходно, а доколку направите грешка повторно одговорноста ќе биде ваша. Безбедно и полека воведете се во работата.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП