26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија и Турција постигнаа договор за плаќање на гасот во рубљи

Русија и Турција постигнаа договор за плаќање на гасот во рубљи

Русија и Турција постигнаа начелен договор за префрлање на дел од плаќањето за рускиот природен гас во рубљи како дел од продлабочувањето на трговските врски меѓу двете земји, соопшти турското Министерство за енергетика.

Избегнувањето плаќања во долари е корисно за двете земји, пренесува „Russia Today“ (RT), додавајќи дека Русија ја нарече американската валута „токсична“ бидејќи западните санкции ги отежнуваат трансакциите.

Покрај тоа, овој договор и помага на Турција да ги зачува сè помалите девизни резерви.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган минатата недела потврди дека Анкара ќе почне да плаќа дел од увозот на природен гас од Русија во рубљи по неколкучасовни разговори со неговиот руски колега Владимир Путин во Сочи, потсетува „RT“.

Двете земји потпишаа и патоказ за развој на економската соработка, кој предвидува зголемување на билатералната трговска размена до 100 милијарди долари годишно.

Путин претходно овој месец рече дека земјите од ЕУ треба да и бидат благодарни на Турција што на блокот му обезбеди сигурно снабдување со руски гас преку гасоводот „Турски тек“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП