22 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗПристигнува „Mercedes AMG One“

Пристигнува „Mercedes AMG One“

„Mercedes AMG One“ е хиперавтомобил со технологија копирана од Формула 1, а по повеќе од пет години развој, неговото производство конечно започна.

Сите 275 примероци веќе имаат купувач, а „Mercedes“ уште во 2017-та година го најави својот ексклузивен хиперавтомобил со технологија од Формула 1, кој веднаш предизвика голем интерес кај јавноста, но и кај купувачите.

Но, тогаш проектот беше соочен со бројни технолошки и други предизвици, па на компанијата и требаа пет години да го доведе до состојба каде што автомобилот е подготвен да биде испорачан на клиентите.

Неделава, некои би рекле конечно, „Mercedes AMG One“ пристигна на производната лента. Сериското производство на ограниченото издание од 275 парчиња се одвива во Велика Британија.

Специјалниот хибриден 1,6-литарски V6 турбо мотор со моќност од 1.049 ks е склопен во фабриката на „Mercedes-AMG“ со високи перформанси во Бриксворт, Велика Британија, истата локација каде што се погонските единици за болидите на Формула 1 на нивниот тим „Mercedes-AMG Petronas F1“.

Конечното склопување на хиперавтомобилот ќе се одржи во фабриката во Ковентри, каде што е изградена производствена линија за мали серии само за овој модел.

Производната линија се состои од вкупно 16 монтажни и тест станици. Многу високопрецизни делови се склопуваат како луксузни часовници – прво се склопуваат надвор од производната лента, се тестираат, потоа се расклопуваат и повторно се составуваат на самиот автомобил.

Така е склопена шасијата, чија основа е карбонска монокок структура, како и погонски воз со бензински мотор, хибридни делови и четири електромотори. Процесот е преземен и од Формула 1 и методот на склопување на болидите на „Mercedes“.

На секој „Mercedes AMG One“ работат 50 експерти, кои се задолжени за производство и ригорозна контрола на квалитетот. Откако ќе излезе од линијата, секој автомобил ќе биде подложен на последно тестирање од тест возач.

Само по нивното одобрување, еден примерок ќе биде пренесен во седиштето на „Mercedes“ во Афалтербах, каде што клиентите ќе ги добијат своите автомобили, но и ќе добијат технички брифинг, за да можат правилно и безбедно да ги користат. Првите муштерии своите примероци ќе ги добијат во втората половина од годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП