8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТДали воената операција на Русија тапка во место? „Путин се коцкаше“

Дали воената операција на Русија тапка во место? „Путин се коцкаше“

Британскиот министер за одбрана Бен Валас изјави дека руската воена операција во Украина е забавена.

На конференцијата во Копенхаген, Данска и се придружи на Велика Британија во испраќањето дополнителна помош за Украина. Валас рече дека борбите се уште траат, но дека Русија слабее во многу области.

„Тие не успеаја досега и се сомневам дека некогаш ќе успеат да ја окупираат Украина. Нивната воена операција тапкаше во место и постојано се менуваше до точка што тие навистина се фокусираат само на делови од југот и истокот, што е многу далеку од нивната таканаречена специјална операција која требаше да трае три дена“, рече Валас.

„Тие три дена сега се повеќе од 150, што е речиси шест месеци, и со значителни загуби на опрема и војници. Путин се коцкаше, мислеше дека во август, по неколку месеци, сите ќе се измориме од овој конфликт и дека меѓународната заедница ќе се распадне. Денес се докажа спротивното“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП