24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНорвешката инфлација ги надмина прогнозите четврти месец по ред

Норвешката инфлација ги надмина прогнозите четврти месец по ред

Норвешката инфлација продолжи да се забрзува во јули, одбележувајќи го четвртиот последователен месец во кој ги надмина очекувањата на економистите, пишува „Bloomberg“.

Годишниот пораст на потрошувачките цени во земјата достигна 6,8 отсто, што е најбрзиот раст од јули 1988-ма година. Податоците го зголемија притисокот врз норвешката централна банка (Norges Bank) да одобри поголемо зголемување на каматните стапки овој месец отколку што првично беше најавено.

Потрошувачката инфлација во Норвешка достигна највисоко ниво во последните 34 години во јули.

Прогнозите на економистите анкетирани од медиумите беа за раст од 6,3 отсто, додека оние на централната банка за раст од 5,1 отсто.

Во јуни, регулаторот го одобри своето најголемо зголемување на каматните стапки во последните две децении, сигнализирајќи во тоа време дека ќе направи помал чекор кон затегнување на парите во текот на летото. Сепак, статистиката веројатно ќе ги зголеми шпекулациите за поагресивен потег.

„Податоците ѝ даваат видлива причина на „Norges Bank“ да ја подигне основната стапка на нормално ниво побрзо отколку што сигнализираа во јуни“, коментираат економистите Кјетил Олсен и Дане Цеков од „Nordea“, додавајќи дека зголемувањето за 50 базични поени „се чини дека е опција по денешниот податоци“.

Според „Nordea“, пазарите очекуваат раст од 50 базични поени во август и во септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП