24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата забави во САД, најмногу поради поевтиниот бензин

Инфлацијата забави во САД, најмногу поради поевтиниот бензин

Потрошувачката инфлација во САД забави во јули на 8,5 отсто на годишна основа, бидејќи инфлациските притисоци благо се намалија, а најмногу паднаа цените на бензините.

Во јули, во споредба со претходниот месец, потрошувачките цени забележаа нула раст бидејќи за 4,6 отсто поевтинувањето на енергијата и за 7,7 отсто поевтиниот бензин го неутрализираа месечното зголемување на цените на храната од 1,1 отсто и на режиските трошоци за домување од 0,5 отсто, пренесува „CNBC“.

Анкетираните економисти предвидоа раст на инфлацијата во јули од 8,7 отсто на годишна основа и 0,2 отсто на месечна основа.

Базичната инфлација, која ги исклучува нестабилните цени на храната и енергијата, порасна за 5,9 отсто на годишна основа, а за 0,3 отсто во однос на јуни.

Иако податоците за инфлацијата се пониски од очекуваните, инфлаторните притисоци остануваат силни.

Споредено со јули минатата година, храната поскапела за 10,9 отсто, што е најбрзо од мај 1979-ма година. Струјата поскапела за 1,6 отсто на месечно ниво, а за 15,2 отсто на годишно ниво. Вкупниот индекс на цените на енергијата е за 32,9 отсто повисок од пред една година.

Половните возила поевтинуваат за 0,4 отсто на месечно ниво, облеката за 0,1 отсто, а транспортните цени се пониски за 0,5 отсто, поради падот на цените на авио билетите за 1,8 отсто месечно, односно за 7,8 отсто во однос на јули 2021-ва година.

Режиските трошоци за домување, кои сочинуваат околу една третина од тежината на ИПК, продолжија да растат, со годишен пораст од 5,7 отсто.

По извештајот за инфлацијата, учесниците на пазарот ги променија своите проценки за зголемување на каматните стапки на Федералните резерви, сега давајќи поголема можност за зголемување за помалку од 0,5 процентни поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП