27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрошоците на живот во август во однос на јули повисоки за 0,3...

Трошоците на живот во август во однос на јули повисоки за 0,3 проценти

g_pari

Трошоците на животот, мерени преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во август во однос на јули годинава се повисоки за 0,3 проценти, а споредено со август лани за 2,8 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во август во однос на јули оваа годинја пораст на трошоците на живот е забележан во групите: транспорт за 1,8 проценти, храна и безалкохолни пијалаци и мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0,4 проценти, алкохолни пијалаци, тутун, рекреација и култура и останати стоки и услуги за 0,1 проценти.

Статистика евидентира намалување на трошоците на живот во групите: облека и обувки за 0,2 проценти и домување, вода, електрика, гас и др. горива за 0,1 процент.

На ниво од претходниот месец останаа трошоците за групите: здравје, комуникации, образование и ресторани и хотели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП