6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабавувањето на инфлацијата во САД ја олади побарувачката за злато

Забавувањето на инфлацијата во САД ја олади побарувачката за злато

Цените на златото се лизнаа на азиското тргување денеска, бидејќи инвеститорите го одмеруваа влијанието што може да го има заладувањето на американската инфлација врз идните одлуки за монетарна политика на Федералните резерви.

Златото скокна прво во средата, откако беше објавено дека американскиот индекс на потрошувачки цени забави повеќе од очекуваното во јули, што укажува на тоа дека ФЕД може да биде помалку агресивен со зголемување на каматните стапки.

Вчера цената на овој благороден метал најпрвин порасна за дури 0,8 отсто на 1.807,93 долари, највисоко ниво од 5 јули, по што почна да се менува и заврши со пад од 0,1 отсто.

Златото денеска го продолжи својот надолен тренд на берзата во Сингапур, каде при тргување на самото место цената падна за 0,3 отсто на 1.786,26 долари за унца рано попладне по локално време, пишува Bloomberg.

Послабнаа и цените на среброто и паладиумот, додека платината зајакна.

Некои трговци ги намалија проценките за зголемување на основната каматна стапка на ФЕД и сега гледаат зголемување на стапката за половина процентен поен како најверојатен исход од состанокот на американската централна банка следниот месец, откако претходно очекуваа уште три четвртини од процентен поен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП