19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТУкраина тврди дека во експлозиите на Крим биле уништени девет руски воени...

Украина тврди дека во експлозиите на Крим биле уништени девет руски воени авиони

Украинската армија соопшти дека девет руски воени авиони биле уништени во серија експлозии во руската воздухопловна база на Крим.

Иако украинската страна јавно не ја презеде одговорноста за нападот, се шпекулира дека овој настан може да биде поттик за ескалација на војната во Украина.

Официјални лица во Москва долго време ја предупредуваа Украина дека секој напад на Крим ќе предизвика масовна одмазда, вклучително и напади врз „центрите за одлучување“ во Киев.

Неофицијално, базата Саки била погодена од украински ракети со долг дострел.

Русија негираше дека авионите биле оштетени или дека имало каков било напад. Тие тврдат дека во базата Саки експлодирала муниција.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и се обрати на јавноста по експлозиите, велејќи дека војната во Украина ќе заврши со ослободување на Крим.

Руските власти се обидоа да ги минимизираат експлозиите, велејќи дека хотелите и плажите не се погодени на Крим, кој е популарна туристичка дестинација за многу Руси.

Во експлозијата загина едно лице, а 13 се повредени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП