24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската економија може да загуби над 260 милијарди евра

Германската економија може да загуби над 260 милијарди евра

Германската економија ќе загуби над 260 милијарди евра додадена вредност во периодот до 2030-та година поради повисоките трошоци за енергија и војната во Украина, што ќе доведе и до негативни последици за пазарот на трудот, се наведува во студијата на Институтот за вработување (IAB).

Германскиот бруто-домашен производ (БДП) приспособен според инфлацијата би можел да биде помал за 1,7 отсто следната година, со пад на вработеноста за околу 240.000 лица, покажа истражувањето.

Вработеноста се очекува да остане околу ова ниво до 2026-та година, кога мерките за проширување постепено ќе почнат да ги засенуваат негативните ефекти и да доведат до зголемување за околу 60.000 вработени лица во 2030-та година.

Еден од големите губитници, сепак, ќе биде хотелскиот и ресторанскиот сектор, кој веќе е силно погоден од пандемијата на коронавирусот и веројатно ќе ги почувствува ефектите од падот на потрошувачката моќ на домаќинствата.

Веројатно ќе бидат погодени и енергетски интензивните сектори како што се хемиската индустрија и производството на метали.

Ако цената на енергијата, која во моментов е за 160% повисока, повторно се удвои, германскиот БДП во 2023-та година ќе биде речиси 4% помал, отколку пред војната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП