19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДали „Tesla Model Y“ ќе биде најпродаваниот автомобил во 2023-та?

Дали „Tesla Model Y“ ќе биде најпродаваниот автомобил во 2023-та?

„Tesla Model Y“ несомнено постигна огромен успех, откако стана доминантен електричен кросовер во однос на продажбата. Според извршниот директор на компанијата, Илон Маск, веќе оваа година „Model Y“ ќе биде најуспешниот автомобил во светот според приходите, а следната година ќе биде #1 во продажба меѓу сите модели на пазарот.

Во моментов, најпродаваниот автомобил на планетата е „Toyota Corolla“, со 1.150.000 продадени единици во 2021-ва година. За споредба, „Tesla“ продаде вкупно 936.222 автомобили во истиот период. Сепак, продажбата на брендот расте и се очекува да надмине 1,2 милиони единици оваа година, и покрај тековните проблеми со синџирот на снабдување.

Кога овие проблеми ќе се ублажат и кога гигафабриките во Тексас и Берлин ќе работат, сосема е логично дека „Model Y“ ќе стане најпродаваниот автомобил на планетата. Што ќе биде феноменален успех поради друга причина – ниту еден модел од 70.000 долари досега не продал 150.000 единици за една четвртина.

Дополнително, одлуката на „Tesla“ да го фокусира производството на кросоверот исклучиво во фабриката во Берлин, значи дека нарачките за „Model Y“ ќе се исполнуваат многу побрзо, а тоа ќе игра голема улога во зголемувањето на продажбата.

Според Маск, до крајот на 2022-ра година, „Tesla“ ќе има производствен капацитет од 2 милиони единици во своите фабрики. Ова ќе и овозможи на компанијата да продолжи да гради нови фабрики, а плановите за една ќе бидат објавени многу наскоро. Генерално, компанијата планира да произведува до 20 милиони автомобили годишно, што значи најмалку 10-12 фабрики, од чии погони годишно излегуваат 1,5-2 милиони автомобили.

„Ако се оди според планот, ќе ја завршиме 2022-ра година со 2 милиони возила“, рече Маск, додавајќи дека производството во двете најнови фабрики во Германија и Тексас, се соочува со „10.000 мали проблеми“, кои се решаваат „еден по еден“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП