19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапре растот на цената на нафтата

Запре растот на цената на нафтата

Цените на нафтата паднаа денеска откако податоците од американската нафтена индустрија покажаа неочекуван пораст на залихите минатата недела, сигнализирајќи потенцијален пад на побарувачката за гориво во САД, но загриженоста за глобалната понуда го спречи надолниот тренд на цените на „црното злато“.

Фјучерсите на европската сурова нафта брент се лизнаа за 23 центи, или 0,2 отсто, на 96,08 долари за барел во текот на ноќта во азиското тргување до 3:23 часот по Гринич, додека американската сурова нафта WTI поевтини за 28 центи, или 0,3 отсто, на 90,22 долари за барел, пренесува Ројтерс.

Залихите на сурова нафта во САД се зголемија за околу 2,2 милиони барели во неделата што заврши на 5 август, покажуваат пазарните извори кои се повикуваат на податоци од Американскиот институт за нафта. Аналитичарите анкетирани од Ројтерс очекуваа залихите да пораснат за околу 100.000 барели. Официјалните владини податоци за нивото на залихите ќе бидат објавени подоцна денеска.

„Како и да е, падот на побарувачката за сурова нафта што доаѓа од слабеењето на глобалната економија, нема да придонесе многу за да ги намали цените со оглед на ниската перспектива за понудата. Преговорите за иранскиот нуклеарен договорвнимателно се следат, кој може да биде џокер за обезбедување на потребните испораки“, вели Едвард Моја, виш пазарен аналитичар во брокерската куќа Оанда.

Европската унија во понеделникот го претстави „конечниот“ текст за заживување на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година, кој ќе овозможи поголем извоз на иранска сурова нафта.

Висок функционер на ЕУ рече дека очекува конечна одлука за предлогот за „само неколку недели“.

Двете глобални одредници забележаа нестабилни цени во вторникот, кои се зголемуваа и паднаа за повеќе од еден долар за барел за време на сесијата, додека инвеститорите ги анализираа ризиците од рецесија по веста дека Украина го запрела протокот на руска нафта во земјите од централна Европа преку нафтоводот Дружба, кој минува низ украинска територија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП