23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСилната продажба го поттикна „Carlsberg“ да ја зголеми прогнозата за профитот

Силната продажба го поттикна „Carlsberg“ да ја зголеми прогнозата за профитот

Производителот на алкохолни пијалаци „Carlsberg“ ја зголеми прогнозата за профит за 2022-ра година, откако подобрата продажба на пиво во Азија и Европа успеа да ги надомести повисоките трошоци за суровини, објави „Bloomberg“.

Данската компанија рече дека очекува „висок едноцифрен органски раст“ на оперативниот профит за 2022-ра година. „Carlsberg“, кој исто така стои зад брендот „Tuborg“, претходно очекуваше меѓу пад од 5% и раст од 2%.

Зголемената прогноза покажува дека потрошувачите сè уште пијат пиво и покрај повисоките цени во баровите и рестораните кои повторно се отворени по заклучувањата наметнати од пандемијата.

„Единицата „Carlsberg“ постигна подобри деловни перформанси од очекуваните, особено како последица на силното комерцијално закрепнување на нашите европски пазари и силните резултати на многу азиски пазари. Ова го неутрализира, и повеќе од тоа, зголемениот притисок од трошоците за суровини и енергија“, соопшти компанијата.

„Зголемената прогноза на „Carlsberg“ ги надминува очекувањата на пазарот и треба да биде добро прифатена“, велат аналитичарите на „Jefferies“ во извештајот.

Цената на акциите на компанијата порасна за 3,4% на вестите и го заврши денот со раст од 1,5% во Копенхаген.

Компанијата, која го стави својот руски бизнис на продажба претходно оваа година, рече дека сега ја продолжила работата во сите три нејзини производствени капацитети во Украина по првичното затворање. Резултатите за целата година ќе го вклучат и придонесот на украинскиот пазар.

Извршниот директор Сет Харт во мај изјави дека Азија и пазарите како Индија и Виетнам се следните двигатели на растот на „Carlsberg“. Извршниот директор, исто така, укажа на потенцијалот за раст на некои европски пазари и во сегменти како што е безалкохолното пиво.

„Carlsberg“ треба да ги објави резултатите од вториот квартал на 17-ти август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП