29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов удар на пазарот на гас, Австралија сигнализира дека може да го...

Нов удар на пазарот на гас, Австралија сигнализира дека може да го намали извозот

Азиско-пацифичкиот пазар на гас се соочува со нов удар откако Австралија, голем производител на природен гас, сигнализираше дека може да го намали извозот на течен природен гас (ТНГ), бидејќи регионот се бори со тесните резерви, високите цени и конкуренцијата од европските купувачи.

Австралија размислува да ја намали продажбата во странство во корист на домашната потрошувачка бидејќи проценува дека ќе има недостиг во домашната понуда во следната година, пренесува „CNBC“.

Со глобалниот енергетски протекционизам во пораст, австралиската комисија за конкуренција и потрошувачи (ACC) минатата недела ја повика Канбера да го заштити својот домашен пазар на гас и да го ограничи извозот на ТНГ, бидејќи предвиде дека источниот брег на земјата може да се соочи со недостаток од 56 петаџули гас во 2023-та година. Со месеци, азиско-пацифичкиот регион се бори со конкуренцијата од европските купувачи на гориво кои сакаат да надоместат за ограничените резерви на руски гас.

Поголемиот дел од гасот што се користи на источниот брег на Австралија го произведуваат компании кои исто така се извозници на ТНГ во азиско-пацифичкиот регион и други земји.

Иако повеќето продажби на ТНГ на клиенти во странство се засноваат на долгорочни договори, австралиските производители исто така го продаваат овој енергетски производ на самото место. Земјите кои немаат можност да склучуваат долгорочни договори се принудени да купуваат гас на самото место, каде цените се значително повисоки.

Австралиското здружение за истражување и производство на нафта, сепак, донекаде ја смири вознемиреноста на пазарите, наведувајќи дека и покрај предупредувањето од „ACС“, земјата има повеќе од доволно гас за следната година.

Меѓутоа, доколку се активира механизмот за ограничување на извозот, новите притисоци за понудата и цената ќе почувствуваат најголемите клиенти на ТНГ во регионот, како што се Јапонија и Јужна Кореја, како и новите увозници на TНГ, како што се Филипините, велат аналитичарите.

Цените на ТНГ се зголемени за речиси 80 проценти во споредба со периодот пред почетокот на војната во Украина.

Немаше тендерска продажба од трите главни извозни капацитети на TНГ на источниот брег на Австралија од април, што укажува на забавување на продажбата во странство, рече Кенет Фу, регионален менаџер на „S&P Global Market Intelligence“ за Азија Пацифик (APAC).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП