вторник, 27 септември 2022
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолска нема да штеди гас и нема да го дели со другите...

Полска нема да штеди гас и нема да го дели со другите земји од ЕУ

Европската комисија нема да може да ја натера Полска да се усогласи со новиот план на ЕУ за намалување на потрошувачката на гас, ниту пак Полска ќе ги дели своите резерви на гас со другите членки на блокот, изјави министерката за клима и животна средина, Ана Москва за полската медиумска куќа Sieci.

„Енергетската безбедност е ексклузивна надлежност на секоја држава и никогаш нема да се согласиме да ја отстапиме на Европската унија. Никој не може да не принуди да ја регулираме потрошувачката на гас или да воведеме други рестриктивни мерки. Не сакаме да носиме одлуки за ограничувања во други држави“, вели Москва, пренесува Раша тудеј.

Нејзините коментари се однесуваат на планот на ЕУ земјите-членки да ја намалат потрошувачката на гас низ целиот блок за 15 отсто, со цел да се наполни складиштето на гас пред зимата, поради можен прекин на испораките на руски гас.

Москва во интервјуто истакна дека планот на ЕУ не е обврска и дека затоа треба да се гледа како насоки, а не како на закон.

„Тоа ќе биде на доброволна основа, а одлуката за тоа прашање е во суверена јурисдикција на секоја земја“, нагласи таа.

Иако се чини дека планот на ЕУ не вклучува споделување на резервите на гас меѓу членките, Москва сепак подвлече дека Полска во секој случај ќе го задржи својот гас за себе.

„Никој нема да ни го одземе гасот. Нагласувам – ЕК не може да нè принуди на ништо. Нема солидарност без слобода, која завршува таму каде што почнува принудата“, рече таа и додаде: „Инфраструктурата, гасоводите и купениот гас се сопственост на нашата држава и само ние одлучуваме како ќе ја користиме и за чии потреби“.

Наведувајќи дека „ако има земји во ЕУ кои имаат соодветни капацитети и инфраструктура, тие секогаш, врз основа на билатерален договор, можат да ги поддржат соседите“, Москва оцени дека е малку веројатно Брисел да и наметне обврска на Полска во условите за давање таква помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП